Sunday, October 12, 2014

BOGDANCING


Започнува со еден единствен момент кој сам по себе ја раскажува својата приказна ,
таа се открива со зборот “љубов” како парадигма на прашањето
– Зошто не ми кажа порано?
Продолжува со откривањето на одговорот  по коj што следи неизбежно “будење”
во пошироката смисла на неговото дејствие.
Од будењето се раѓа “огнената желба” како жар на иднината и светол патоказ
кон она што претставува симбол за успех и благосостојба.
Визијата за поставената цел во форма на задача започнува да ги открива
своите први два збора ,
а тие гласат , “Програмирај Се”.
Ова не води кон светот на пишаниот збор
во местото каде што владее слобода на избор,
а јас го избирам она што е кажано од “Бог “.
“Секоја убава мисла поседува неограничена моќ ,
со неа презентирај се пред светот на благодарноста,
подари ја искрено ,
посакај ја силно ,
очекувај ја со насмевка на твоето лице,
затоа што ти,
исправено чекориш по патот на своето совршено постоење”.
“Може да биде само еден” од нас
кој што ќе го прави тоа што вистински го сака
а можеш да бидеш и ти таа личност, битие кое  распространува  енергија
и што дава живот на ентериерот на универзиумот во нашата потсвест.
За да се постигне таква состојба потребно е да се развие
“уметноста на физичката трансформација”
како и додавање на капка  интелектуална метаморфоза.
Сето ова не води кон крајот каде што се враќаме на почетокот
и ја осознаваме едната страна на вистината
во која што ти и јас се издигнуваме над “луцидниот сон”
а нашиот внатрешен глас проговорува
<>_<> БОГ ТАНЦУВА ВО НАС <>_<>



tracklist: 1. Blindfolded Love 2. Burning Desire 3. The Sleeper Has Awakened 4. Program Yourself 5. God Said 6. Illuminated 7. There Can be Only One 8. The Art Of Shapeshifting 9. I Arise In Your Lucid Dreams