Saturday, April 14, 2012

Nascor San (Poetry)

Насловна

Секој поминат ден,го краси помислата за нов почеток
нова ера на диверзија,
нова вера,нова илузија.
Живеам за моментот ,и тој живее за мене.
Ја сакам иднината,минатото е само историја.
Сето ова е само дел од она што следи,
сето ова е само дел од едно величествено предвидување,
звукот на една футуристична природа ,го издава својот прв крик,
во мене .
Мислам дека видов ѕвезда како помина низ небото на мојата омилена галаксија,
пушти глас ,
нурнав во него ,
даде знак,
стартирав...
За мене не постои конкуренција  
јас се восхитувам на она што се нарекува креација 
сила на која едноставно и треба само вода за да функционира
и со капка надеж, таа продолжува левитира.
Живеев во свет каде што се обидував да сватам
сега сваќам дека треба да се обидам ,
сега сваќам дека треба...





Evolution Of Light


Се започна едно магично утро,
дуваше благ ветер и сонцето само што изгреа.
Ги дигнав ролетните и неизмерна радост започна да ме облива,
се почуствував како за прв пат да гледам светлина.
Како досега не се сетив, како заборавив на неа,
таа ми даваше сила , таа ме полнеше со енергија.
Го искористив моментот да го истресам пепелникот од мојата душа,
ја искористив приликата за секоја личност посебно,што разбира,што слуша.
Се околу нас не е само фикција,
туку неотворен речник завладеан од лична рестрикција.
Никогаш не е касно да зачукаш на вратата создадена за своето лично јас,
таму ќе пронајдеш успех,хармонија,љубов...
таму ќе пронајдеш спас.

Nascor San (Music)



Nascor San (Art)